Српската ТВ водителка и новинарка Ирина Вукотиќ беше ревакцинирана пред шест недели, а после тоа дозна дека е позитивна на корона. Таа посочува дека благодарение на вакцината, поминала без поголеми проблеми и последици.
„Открив дека имам корона во понеделник, на 5 април. Два дена порано, почна да ме чеша носот. Бев убедена дека станува збор за некаква алергија на полен, па затоа и се јавив на д-р Тања Радосављевиќ, пулмолог, која честопати беше гостин во мојата емисија и ја прашав за совет. Ми рече да земам „ериус“. Бидејќи лекот не делуваше, повторно и свртев. И објаснив дека носот ми е затнат, дека слушам послабо и дека чувствувам замор. Секако, таа веднаш ме упати да направам тест на крвта, но и корона тест. Малку збунета и потенцирав дека сум ревакциниран пред шест недели и дека нема шанси да се разболам. Таа беше упорна: „Ајде, направи тестови, да ја отстраниме таа можност“ – раскажала водителката.
„Во шест часот попладне пристигнаа резултатите – бев позитивни на корона. Јас сè уште не верував во тоа. Првата мисла беше: „Но, јас треба да одам на работа утре“. Веднаш отидов и го повторив тестот. Немаше грешка. Таа вечер се појавија првите сериозни симптоми, но најважно е дека никогаш немав температура, ниту пак беше зголемен некој параметар. Со исклучок на силната кашлица што ми пречеше неколку дена, се чувствував како да имам „обичен“ грип. Со целосна самодоверба, отидов кај д-р Горан Стевановиќ, од Клиниката за инфективни болести, кој веднаш врз основа на наодите заклучи дека станува збор за лесна форма на корона. Ми даде терапија и истакна дека морам да одмарам“ – ја заклучи својата приказна водителката.
Фото: Инстаграм прнтскрин/irinavukoticc