Сите добро знаат дека Цеца Ражнатовиќ беше омажена за командантот на српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ – Аркан, врз кого беше извршен смртоносен атентат во 2000-та година.
Но, речиси никој не знае, или само малкумина паметат дека пејачката кон крајот на осумдесеттите не била сама, туку имала врска со познат спортист.
Првото момче на Цеца за кое знае јавноста бил фудбалерот Владан Лукиќ, а медиумите уште тогаш шпекулираа дека песната „Пустите ме да га видим“ му ја посветила токму него.
За нивната љубовна романса во јавноста се дозна во 1989-та година, кога тој стана познат играч на „Црвена Ѕвезда“, а Цеца позната фолк пејачка, која започна да ја гради кариерата во Белград.
Фудбалерот тогаш имал 18 години, а Цеца едвај нешто повеќе од 15. Иако се шпекулираше дека се свршиле, тие во 1990-та ја раскинаа врската, откако фудбалерот заминал во војска.