Дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ крена голема медиумска прашина во регионот, а сега се огласи и учесник од „Ѕвездите на Гранд“ кој постираше објава, па набргу ја избриша.
Имено, Ненад Димитровиќ кој се натпреваруваше во музичкото шоу и чиј ментор е Ѓорѓе Давид ја подржа Вања, а за продукцијата немаше пофални зборови.
„Ужасно ме иритира ова неправда која се прави на девојката Вања. Повеќето кандидати молчат бидејќи ни е кажано дека не смееме ништо да подржиме што таа ќе објави. Искрено, ми е гајле за „Гранд“, се и сешто тука може да се каже, но се надевам дека постои некоја космичка правда која ги чека сите лоши луѓе“, напиша Ненад, па ја избриша објавата.
Потсетуваме, Вања е дисквалификувана откако реобјави на „Инстаграм стори“ објави со лоши коментари и навреди на Јелена Карлеуша.