Дали сте знаеле дека недостатокот на сексуални односи може негативно да влијае на здравјето?
1. Напад на нервоза
Сексот понекогаш служи како издувен вентил, а научници во Шкотска се согласни дека луѓето кои апстинираат од секс потешко ги поднесуваат стресните ситуации како јавните настапи, за разлика од оние кои имале секс во изминатите две недели. Во текот на сексот мозокот испушта хормон на среќа што ве опушта.
2. Ослабен имун систем
Недостатокот на сексуални активности може да го ослаби вашиот имунолошки систем, пишува Prevention.com. Научници од Пенсилванија открија дека кај луѓето кои двапати неделно уживаат во секс, за 30 проценти е зголемено ослободувањето на имуноглобулинот (IgA), кој е прв во линијата на одбрана на организмот од вируси.
3. Расте несигурноста во врската
Без секс, се намалува поврзаноста со партнерот и расте несигурноста во врската. Бракот без секс може негативно да влијае на самодовербата, па се раѓаат и сомнежи во верноста на партнерот. За да избегнете ситуации на параноја и евентуален прекин на врската, почесто бакнувајте се, држете се за раце и давајте си подароци, покажете дека ви значи партнерот и зближете се повторно.
4. Може да бидете депресивни
Жените почесто паѓаат во депресивни во состојби без секс, но не мора да значи дека баш недостатокот на секс е причина за депресија. Студија откри дека жените чии партнери користат презервативи можат подеднакво да бидат депресивни.
Научниците сметаат дека тоа е поради одредени состојки на спермата, како мелатонин, серотонин и окситоцин кои директно можат да влијаат на расположението.
извор: Кајгана