„Ова е приказна која со задоволство ја раскажувам, тоа е приказната за Божа наречен Пуб… Едни го фалат, други се жалат, трети велат е мој братко, тој бил расипан како шуплив заб“… Ова се стиховите на кои сите се сеќаваат што ја слушнале легендарната песна за „Божа звани Пуб“ на сега покојниот Балашевиќ. Еден од многуте негови хитови или балади, во кои главните јунаци се всушност вистински ликови кои некогаш постоеле и живееле. Како и Васа Ладачки, Милутин од „Некои нови клинци“, Бане од „Никој како Бане“, како убавата ќерка на попот…
Ова е животната приказна од јунакотт на Балашевиќ, Петар Божанианиќ – Божа наречен Пуб (1895-1975).
Божа – Пуб е роден во Лика, во селото Тужевиќ, недалеку од Госпиќ и неговата храброст и бестрашност, преминувајќи ја Албанија, ја покажал на солунскиот фронт. Како и многу други солунски волонтери, тој добива девет хектари земјата во срцето на Бачка и со уште 20-мина го основа Ново Село. Божа бил комарџија, боем, џентлмен, секогаш на страната на послабите, освен кога не седи со нив на иста маса да игра карти. Човек со големо срце и широка рака, кој секогаш велел дека не можеш да добиеш, ако не дадеш.
Го носеле картите и комарот за Србобран, Врбас, Нови Сад, Сомбор … Кога на најголемите мајстори на картите како Коста Гаваски од Србобран, Шандор Тарко од Фекетиќ и Петар Божанианиќ ќе се собереле на карти, било познато дека она што ќе падне под маста, тука и останува. Никој нема да се наведне да ги земе своите карти, бидејќи потоа ќе мора да ја прекинат партијата, што никој од нив тоа не го сакал.
Му давалл 500 динари на оној што ќе отиде во неговата куќа да го нахрани добитокот само за да не стане од масата додека се картал. А за тие пари во тоа време би можеле да го купите најдобриот коњ! Како денес на пример еден солиден автомобил. Во Фекетиќ сè уште кажуваат колку бил широк кон оние што го чувале од измама, единствено нешто што тој го мразел повеќе од политиката. Еднаш кога тој играл зад грб имал огледало, во кое останатите му ги следеле картите. Кога еден човек од стѕрана го предупредил за тоа, тој не му рекол: „Скрши го огледалото“, туку: „Скрши го, еве ти пари“. Тој тогаш му дал четири илјади динари на тој човек, а кога овој му возвратил дека е многу, му додал уште два.
Богато ги наградувал и оние што го чуваа од жандармите, што исто така не му се допаѓало. Само што ќе слушнеле дека игра некаде, доаѓале да му ги одземат парите, но нивните посети биле попусти.
„Една вечер додека играа Ајнц, се искачив на бандерата за да ја поправам струјата. Само што видов жандарми како се приближуваат до кафеаната, она што го поправав повторно намерно го расипав за да не можат да бидат фатени“ – се сеќавал еден неговиот современик.
„Кога му кажав што направив, тој го истури сиот паричник со пари на масата и ми рече да земем колку сакам“.
Во неговата кафеана некаде околу 1938 година, партијата траела од сабота до понеделник, а во неа Живко Мудрински, амбасадорот од Србија, изгубил се’, како што вели и песната. Божа го пуштил да се поти два дена поради загубата, а потоа му ги испратил сите пари назад“ – вели само една од легендите за Божа – Пуб.
Но, на почетокот на Втората светска војна, Петар и неговото семејство ја доживуваат судбината на другите колонисти. Тие одат во логорот Сарвар во Унгарија, каде минуваат четири години. Но и таму мна Божа не му недостасуваат карти и комар.
„Унгарските војници брзо дознаа дека зборуваат на нивниот јазик и играат карти, и наскоро тие станаа толку зависни од партиите што никој не смееше да ги прекинува. На почетокот намерно губеше, а когаќе загризеа, иако беше нивен затвореник, знаеја дека му даваат сè што имаат“ – вели Славка.
„Се коцкал и во пари и во храна. Тој мупомогнал на своето семејство и на сонародниците да ги олеснат поминатите денови во логорот. Се зборувало дека се вратил од логорот со куп оголем колку половина скала форинти што ги зел од еден унгарски офицер. Тој, сепак, никогаш не ја потврдил таа приказна, но на луѓето им било полесно да поверуваат во неа, дека дури и во тие страшни времиња тие го имале за свој херој.
По војната, без електрична енергија, вода и патишта, Ново Село ќе биде напуштено и Петар остава се што имал и со семејството доаѓа во Фекетиќ. Таму повторно основа дом.
Велат дека еднаш ја изгубил куќа на карти. Тоа било исклучок. Но, утредента баба Марта на истата маса, играла партија и ја вратила куќата“ – се сеќава нивната внука.
„Таа беше неговиот главен ‘рбет, и за големо чудо, не му бранеше да игра комар. Како влегол во песната и како Балашевиќ дознал за приказната за нејзиниот дедо, не знае, изко приказните за него кружеле насекаде. Не е Божа Пуб ниту во Прага, ниту во Виена. Повеќе од четири децении почива на селските гробишта во Фекетиќ. Сè уште се игра Ајнц, но не веќе со таков жар. Сепак, сите се согласуваат дека денес, нема веќе такви каков што бил Божа наречен Пуб.
Извор: Вечерни вести/ Јелена Лемајиќ