Сашко Коцев неодамна ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот за кратки филмови во Бејрут – „Beirut Shorts International Film Festival“.
Тој ја доби наградата по неговата улога во филмот „Налепница“:
Коцев во интервју за „Бекстејџ“ вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.
„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.
Сашко имаме прилика да го гледаме во разни театарски претстави, а сега во разговор за естрадниот магазин откри каква непријатна ситуација му се случила во една прилика.
„Имаме многу такви случки. Пример, еден колега треба да ми даде пари и да одам да купам пиво. Се фаќа за џебот и нема пари. Заборавил да ги земе. Јас го гледам, тој ме гледа. Публиката не знае. Тој од џебот вади една мала хартија. И јас си вика – „Ваљда нема да ми ја даде хартијата и да ми каже дека тоа се пари“. Ова траеше неколку стотинки, а во нашите глави траеше цела вечност. Тој ме гледа и со поглед почнува да ми се извинува што ги заборавил парите во гардероба. И колегата ми вика, парите ми се ходникот во јакна, ќе одиш ќе извадиш пари од паричникот. Нема никаков ходник, нема никаква јакна, Мене ми тече една капка пот по лицето и заедно излегуваме од сцена“, раскажува актерот.
Целото интервју погледното во видеото подолу.