Српската пејачка Јелена Карлеуша како да ги инспирираше и нашите пејачки и водителки да се споредуваат со светски позанти ѕвезди кога е модниот избор во прашање.
Па така, се почесто можеме да видиме фотографии од кои се прави паралела, особено со модните комбинации кои ги носи светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzej-lo-vo-fustan-kako-irena-spirovska-a-kim-krdashijan-so-korset-kako-na-karolina-gocheva-foto/
Овој пат, таква споредба со латино дивата направи нашата фолк пејачка Сузана Гавазова. Таа пронајде фотографија од себе од 2016 година и ја „залепи“ до онаа на Џеј Ло.
Неспорно е дека двете носат многу слична модна комбинација, на Сузе е црн топ од тантела споен со црно здолниште, додека на Џеј Ло е во бело издание.
Веројатно Сузана не мислеше на тоа дека Џенифер Лопез ја копира, туку само сакаше да ја нагласи сличноста во модниот избор, па праша: „Она или ја?“, епа што мислите?