Пејачката Ивана Селаков откри дека со сопругот се запознале пред 13 години и тоа на „Фејсбук“.
„Здрава сум, немав корона, не одев никаде, се чував. Бев одговорна. Седев дома со семејството и одев само до продавница. Се трудев да се заштита поради семејството и себе“, вели пејачката.
„Кога попуштија мерките се трудев да поминувам повеќе време со детето и да одам во парк или на игралиште, морав да ја забавувам, таа ми беше преоритет. Не посетувам дискотеки и клубови, се прилагодувам“, вели таа.
Пејачката откри и како го запознала сопругот Пеѓа.
„Документот не ми е важен. Се запознавме во 2008 година преку Фејсбук. Добив поддршка од Пеѓа, ме заинтерегира неговата профилна фотографија. Со месеци се допишувавме. Кога се запознавме, до ден денес сме заедно. Се функционира како што треба“, вели пејачката.