Радио Милева ја поддржува

Српската пејачка ја прокоментира врската на Цеца и Богдан: „Секако дека и треба младо момче, што ќе и е дедо

Српската пејачка ја прокоментира врската на Цеца и Богдан: „Секако дека и треба младо момче, што ќе и е дедо

Откако се дозна дека пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е во врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ, парот е главна во тема во регионалните медиуми.

Нивната врска ја прокоментира и српската пејачка Злата Петровиќ.

„Воодушевена сум. На неа и беше најтешко. Кутра жена, никаде не може да оди, а да не ја следат и фотографираат. Па како да најде момче? Не ни смееше бидејќи кога и да излезе од дома ја фотографираат. Кога ја видов снимката со момчето бев пресреќна поради неа“, вели фолкерката и додава:

фото: принтскрин

„Љубовта секогаш треба да биде на прво место, па колку и да трае, макар еден ден. А тие што ја осудуваат што има помладо момче, прво нека се погледнат себеси. Па и јас се омажив за Пеја кој беше помлад од мене“, додава Петровиќ.

„Па треба ли да најде некој дедо? Таа е убава жена и зрачи со енергија, секако дека и треба младо момче. Што ќе прави со некој дедо? Ја подржувам 100%“, вели Злата.

Ражнатовиќ се уште не се огласи по написите за новото момче.

To top