Тој важи за еден од најпознатите и најуспешни композитори на српската, но и на регионалната естрада. Напишал безброј хитови, многу познати песни го носат неговиот авторски потпис, соработувал и се’ уште работи со најголемите поп и фолк ѕвезди, компонирајќи за нив…
Но, Бане Опачиќ ужива и во среќен брак со сопругата Нина, а нивната љубовна приказна започнала сосема случајно и одеднаш. Имено, на еден настап, погледот на Бане му го привлекла една убава девојка за која потоа размислувал секој ден, па и посветил песна и ја насловил „Нина“.
„Јас го измислив нејзиното име и го запишав во песна, го трансплантирав во лик по моја мерка, работите што ги сакам за себе, а и избришав еден куп недостатоци. Ги позајмив нејзините очи и поглед за полесно да ја препознаам, и го замислив нејзиното тело безобразно совршено. Јас го направив сето тоа и само чекав да ја заслужа… И не ми дојде таква – дојде многу подобра“ – истакна Бане на својот Фејсбук профил во една прилика.
Неколку години подоцна, тие размениле погледи во Будва, но не и зборови. Малку подоцна, двајцата се сретнале поради една трагична околност.
„Со години ја слушав реченицата: „Бане го рече истото“ од мојот пријател Дарко Радовановиќ, кој, за жал, повеќе не е со нас. Кога Дарко нè напушти, сакав да го запознаам човекот за кого толку многу знаев, заедно да го оживееме споменот на Дарко.
Кога првпат се запознавме, се прегрнавме како стари пријатели. И тоа беше Тој. Никогаш не го запознав. Едноставно само го препознав“ – рече Марина Пекиќ, со која композиторот и изведувач се заколна на вечната љубов во 2013 година и оттогаш не престануваат да ја промовираат таа романса како вистинска љубов што трае.
View this post on Instagram