Живот и Стил

Во нив нозете изгледаат повитко и подолго: Ова е единствениот модел на чизми кој ви е потребен оваа зима

Во нив нозете изгледаат повитко и подолго: Ова е единствениот модел на чизми кој ви е потребен оваа зима

Додека есента беше во знакот на бајкерските чизми, зимата ќе ја одбележат нешто поженствен модел на обувки.

Станува збор за чизми до глужд со висока потпетица. Овој модел не само што е убаво дизајниран и се вклопува со речиси секоја комбинација, тој прави и нозете да изгледаат повитко и подолго, а тоа е сосема добра причина зошто треба да се најдат во ормарот на секоја жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #LTKeurope (@liketoknow.it.europe)

Трикот е во потпетицата со средна висина – таа прави нозете да изгледаат витко и долго, но сепак е удобна за носење.

Чизмите до глужд речиси секоја сезона се носат, но оваа тие ќе бидат хит. За разлика од претходните години кога се носеа позаоблени модели, оваа зима ќе бидат актуелни оние со коцкаст врв.

Најдобро би било за почеток да изберете пар во црна боја бидејќи тие ќе се вклопуваат со апсолутно секоја гардероба која ја имате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SilkFred.com (@silkfred)

Овие чизми можат да се носат со фармерки, здолништа, фустани и панталони. Убаво изгледаат и во комбинација со елегантни, но и лежерни парчиња облека.

извор:точка.ком.мк

To top