Македонската пејачка Пепа Димитрова на неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ се претстави со песната „Студени очи“.
За да биде комплетна темата, Папа снимаше и видео спот кој го изработи Александар Пауновски, а фотографијата е на „2 С студио“.
Видеоматеријалот е снимен на неколку локации низ Македонија, а користен е олдтајмер Бјуик од 52-та година на приватен колекционер од Битола.
Инаку, автор на „Студени очи“ е Слободан Стојанов, додека текстот е на Игор Џамбазов.