Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ – Штип заради корона епидемијата годинава се одржува на отворено на Градскиот плоштад „Слобода“, каде се поставени сцената и столчињата. Штип по 35-ти пат ќе живее во ритамот на нови макфестовски хитови.
Првата вечер се слави 35-от роденден со ревијална вечер на којашто осум македонски познати пејачи и групи ги пејат своите песни, но и евергрините на други познати пејачи и тимови. Уметничкиот директор на „Макфест“, Владимир Дојчиновски вели дека организаторите го прифатија предизвикот фестивалот и оваа година да се одржи, но на отворено, наместо на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“, поради здравствените протоколи.
На првата вечер, петок 18 септември, која е ревијална, по многу години на сцената ке ги видиме ,Џина Папас Џокси, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев и групата Интервали, кои ќе ги изведат едни од најголемите макфестовски хитови, што го одбележаа фестивалот во изминатите 35 години, во придружба на голем биг бенд оркестар, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски. МРТ со директен пренос на двете вечери, вели Дојчиновски.
Сабота, 19 септември, е натпреварувачка вечер на којашто ќе се слушнат 24 нови песни, а за шоу програматакоја ќе се одвива додека публиката гласа, задолжен е Игор Џамбазов заедно со бендот на со Гуру Харе.