Екстензиите за коса веќе долго време се голем хит кај припадничките на понежниот пол, па речиси да нема таква која не пробала или не сакала да има подолга коса. Особено значаен дел од имиџот се на дамите кои се дел од јавната сцета.
Пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски изминатите неколку години доста го промени изгледот. Таа е една од оние жени кои не се плашат од промени, ги следи трендовите и самоуверено ги применува на себе.
Бојана е активна на социјалните мрежи, а иако периодов е максимално посветена на мајчинството и семејството, таа умее да најде време за себе, особено за разубавување и враќање во форма во постпородилниот период.
Промените кај неа кога е во прашање косата се се’ почести, а овој пат Бојана се одлучи да стави надградба на руса коса и повторно да премине во русокоси.
Промената ја овековечи со неколку фотографии на социјалните мрежи, за кои следбениците и пријатели и напишаа само комплименти.
Еве дел од нејзините промени: