Радио Милева

Откако си постави предизвик за совршено тело и да стане „љуштенка“, Сара Мејс го покажа своето вистинско лице (фото)

Откако си постави предизвик за совршено тело и да стане „љуштенка“, Сара Мејс го покажа своето вистинско лице (фото)

Пејачката Сара Мејс неодамна си постави предизвик за совршена фигура на нејзиното тело со третмани од: лополиза, дренирачка масажа, слим масажа, кавитација, LPG, и нормално исхрана, многу вода и 5дена во неделата фитнес и кардио.

Таа редовно ги информира своите следбеници како напредува со предизвикот и целта.

Така, неодамна на својот „Инстаграм“ ги извести следбениците дека ослабела минус 6 килограми. Таа најави дека нема да се откаже и дека ќе продолжи кон целта да стане „љуштенка“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sara-mejs-reshitelno-prodolzuva-kon-celta-da-bide-ljushtenka-foto/

Деновиве, пак на социјалните мрежи повторно се појави предизвик меѓу познатите. Имено, Антониа Гиговска ги номинираше своите колешки Марија од „Ај кју“, Елена Ристеска, Каролина Гочева,  да се покажат во вистинско светло и без грам шминка.

Од нив само Марија го прифати предизвикот, но таа ја номинираше својата колешка Сара Мејс.

Пејачката одлучи да ја игра играта, па покажа како нема „мејк ап“ на себе.

„Марија Ај Кју ме предизвика за „#nomakeup“ фото, па си вика ајде додека имам фризура“, напиша пејачката во описот на фотографијата на која нема шминка.

фото: принтскрин/инстаграм/сарамејс

Како ви се допаѓа во вакво издание?

To top