Девојката на Мирко Шијан, Бојана Родиќ е една од трите сестри Родиќ, меѓу кои е и Богдана, сопругата на Вељко Ражнатовиќ.
Имено, Бојана е веќе некое време во врска со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан.
Според пишувањата на медиумите, Мирко и Бојана се во сериозна врска и наводно планираат свадба.
Сепак, многумина ги интеренсира како Бојана успеала да привлече дури 41,2 илјади следбеници на „Инстаграм“.
Родиќ од 2017 година редовно објавува фотографии од своите патувања, па под секоја фотографија има голем број на лајкови.
Бојана на некои патувања беше со нејзините сестри, а на некои сама. Некои од дестинациите кои ги посети се: Лас Вегас, Мајами, Занзибар, Тајланд….
Потсетуваме, семејството Родиќ се занимава со продажба на пилиња на пазар во Тител.
Во една прилика Даниела Родиќ, мајката на Бојана откри што мисли за потенцијалниот зет.
„Задоволна сум. Прекрасно момче. Најважно е да се согласуваат и дека се еден за друг“ вели Даниела.
Мирко во една прилика за својата сакана изјави:
„Не постои работа која не би ја направил за Бојана. Ја сакам и сум заљубен повеќе од кога и да било. Ме освои со каракторот и харизмата на која не можеш да останеш рамнодушен. Освен тоа што за мене е најубава девојка, таа е прекрасно сушество. Вредна и им помага на родителите. Мислам дека семејството Родиќ добро ги воспита своите ќерки и затоа ќе ја оженам Бојана“ изјави Мирко.