Канадско –американската актерка Памела Андерсон (53) беше секс-симбол во 90-тите, а се пропслави со серијата „Чувари на плажа“ и поради бурните љубовни врски, како и порно снимката.
Црвениот костим за капење е минато, а сега таа се врати на плажа во црн и покажа дека без оглед на годините и понатаму има тело кое предизвикува воздишки кај мажите ширум светот.
Актерката е подеднакво секси и привлечна како пред 19 години кога ја снимаше популарната серија.
View this post on Instagram
Потсетуваме, актерката неодамна ставила крај на својот петти брак по само 12 дена. Памела се омажила со продуцентот Џон Питерс, а подоцна објаснила дек тие сепак не биле во брак.