Можете да направите чизкејк на многу начини, но овој вкус нема да го заборавите толку лесно затоа што е посебен.
Потребни состојки:
За подлога:
- масло
- 300 грама чоколадни кекси
- 2 лажици какао во прав
- 90 грама стопен путер
За крем:
- 560 грама крем сирење
- 150 грама маскарпоне
- 150 грама шеќер во прав
- 300 милилитри слатка павлака
- рендана кора од 2 портокали
За желе:
- 100 милилитри ликер од портокал
- 230 милилитри прошек
- 65 милилитри газирана вода
- 20 милилитри шеќерен сируп
- 6 листа желе
Начин на подготовка:
Премачкајте го плехот со масло. Во блендер, измешајте ги кексите со какаото, потоа ставете ги во еден сад и додајте го путерот. Ставете ја смесата во плехот, израмнете ја и цврсто притиснете ја со прстите.
За кремот, со миксер изматете ги маскарпонето, крем сирењето, шеќерот во прав и павлаката. Потоа, додајте ја кората од портокал и измешајте. Со лажица нанесете го кремот на подлогата и оставете го да се излади неколку часа.
За да направите желе, со метална лажица измешајте ги ликерот, прошекот, газираната вода и сирупот. Обидете се да оставите колку што можете повеќе меури. Натопете го желатинот во вода и оставете го да стои додека не стане мек и еластичен. Затоплете ја смесата од ликерот, а потоа тргнете ја настрана и додајте го желатинот откако ќе го извадите од водата. Добро измешајте и оставете да се излади. Прелијте го кремот и оставете го колачот во фрижидер најмалку 6 часа.
извор: Кафепауза