Од коронавирусот се пази и чува кој како умее, па фолк пејачката Весна Змијанац побегна на викендичката во нејзиниот планински рај.
„Јас сум на Букуља. Нема паника, ги следам упатствата на надлежните и ги препорачувам на сите. Како прво, верувам во себе и го набљудувам моето тело.
По природа, јас не сум паничар, ниту пак го земам здраво за готово сето она што го велат луѓето. Ситуацијата не ме исплаши, повеќе ме изнервира. Не сум навикнат да седам, туку да работам.
Затоа дотогаш отидов да уживам во мојот мал рај, каде веќе ја подготвувам градината додека го чекам дружењето со публиката во мај на концертите кои за жал, сега моравме да ги откажеме и пролонгираме“ – вели Весна.