Живот и Стил

Торта „Арапска бајка“: Совршен кремаст десерт

Торта „Арапска бајка“: Совршен кремаст десерт

Оваа торта е совршено задоволство кое може да се украси на два начина. Може да ја декорирате со чоколадна глазура и сецкани ореви или со шлаг-крем и мелени ореви… Изборот е само ваш!

Потребни состојки:
За кора:
2 јајца
150 г шеќер
150 г маргарин
4 лажици какао
250 г брашно
кесичка прашок за пециво

За фил:
1 лимон
200 мл млеко
5 лажици пченичен гриз
150 г маргарин
200 г шеќер
За декорација:
100 г чоколадо
100 г сецкани ореви
40 г маргарин
2 лажици какао
1 лажица масло
6 лажици млеко

Начин на подготовка:
За да ја направите кората, изматете ги јајцата и шеќерот во длабок сад , додадете го какаото и повторно промешајте.
Во друг сад, измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додадете го маргаринот кој претходно сте го изрендале и месете со рацете.
Додајте го во смесата со јајцата и соединете.
Тестото поделете го на 3 делови, направете 3 кори во форма на круг и испечете ги на 180° околу 15 минути.
За да го направите филот, млекото и шеќерот варете ги на тивок оган со постепено мешање.
Откако ќе зоврие, намалете ја температурата на готвење и додајте го гризот и постојано мешајте додека смесата не се згусне.
Изматете го маргаринот со сокот од лимон, па соединете со гризот. Смесата матете ја со миксер. Премачкајте ги корите со фил и наредете ги една врз друга.
На крај декорирајте ја тортата.
Чоколадото и какаото стопете ги со маргаринот, млекото и маслото и кога смесата ќе се излади прелијте ја преку тортата.
Тортата можете да ја декорирате и со тенок слој шлаг-крем и да ја посипете со мелени ореви.

извор:кафепзауза.мк

To top