Пред нешто повеќе од една недела, бугарската пејачка Андреа реши да му се сврти грб на тмурното февруарско време во Бугарија. Русокосата го спакува багажот и замина на сончевата дестинација – егзотичната Домениканска Република.
Само што пристигна на островот, пејачката започна да споделува провокативни фотографии од крајбрежјето, снимени од словенечкиот моден фотограф Тибор Голоб, откривајќи ги избраните моменти од нејзиниот одмор.
На најновите фотографии, кои неодамна ги постави на својата официјална страница на Инстаграм, русокосата сподели згонетен статус, кој можеби укажува дека бугарската пејачка Свети Валентин го дочекала сама?
„Луѓето бегаат од љубовната игра затоа што не можат да ја добијат трката“ – напишала Андреа придружувајќи ја со постот фотографија на која носи бели и розови орхидеи, а на себе носи црн корсет со тенки прерамки, кои паѓаат од нејзините рамена.
Но, дали пејачката навистина била осамена таа вечер е друго прашање.
Веќе следната фотографија на која Андреа е речиси соблечена, со разголени гради на белата постела во истиот тој раскопчан црн корсет можеби кажува нешто друго, поразлично од нејзините споделени зборови? Впрочем, на ваква убавица, тешко дека може некој да и одолее!