Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга Смилјана во 2017 година се остварија во улогата на родители, а малата Јоана стана центарот на нивниот универзум.
Времето лета, а децата си растат, па како да беше вчера кога ги објавија првите фотографии кога се роди нивната принцеза.
Јоана веќе има две години и е потпораснато детенце кое ги топи срцата на мама и тато.
Нашиот познат актер нема пракса да објавува моменти пред јавноста на социјалните мрежи заедно со наследничката, но овој пат направи исклучок.
Тато не го покажа лицето на ќеркичката, но држејќи ја во раце, свртена со грб кон објективот, покажа колку пораснала.
Фотографијата која ги разнержни неговите пријатели, фанови, следбеници… доби неколку излјади лајкови, а коментарите беа дека ова е најубавата фотографија што ја објавил досега.