Највеселите празници поминаа, а периодот по Божиќ голем број од луѓето го користат за зимски одмор. Меѓу сиот обичен свет и тие – македонските јавни личности, а меѓу нив пак – две убавици! Едната некогашна ТВ водителка, сега Инстаграм убавица, а втората актуелна инфлуенсерка, модна блогерка и модел… Мелита Ракичевиќ и Љупка Митрова – секоја на своја страна, на свој начин, по свој избор , со своја придружба на зимување – на сосема различни дестинации!
Прашањето е тогаш што ги поврзува зимава овие две убавици?
Љупка Митрова реши зимскиот одмор да го мине летно… На плажа! Бидејќи оддамна е познато декана кумашинката на Заев парите не и се проблем, згодната струмичанка одлета за Дубаи. Истата онаа дестинација на која Мелита минатата година „баеги си поседи“…
Штом стигна, еве ги и првите впечатоци во вид на споделени фотографии на блогерката… и тоа од плажа. Исправена на песочниот брег или легната на песокот, Љупка го распослала сиот свој сексапил на жешкото арапско сонце…
Костимот за капење уникатен – боја на месо, кој совршено се совпаѓа со тенот на нејзината се уште неисончана кожа, па кога се сонча чиниш атрактивната струмичанака на песокот е само „по гола кожа“… Истата приказна и крај базенот. Привлечна, пожелна, секси, Љупка ќе ви го разубави денот! Сега сите видоа каде и како зимува Митрова, ама никој не виде со кого?
Особено откако Љупка објави скокотлива фотографија од хотелската соба на која позира во провокативна поза, но она што ве става во недоумица, е дали расната струмичанка е гола или на себе носи понекое парче долна облека?
Одоговорот на обете дилеми го знае само Љупка и… оној што ја фотографирал. Или можеби Љупка сепак суптилно откри со кого се сонча и „шу праи“ во Дубаи?
Мелита зимува во Банско! Повеќе одмора отколку што скија или ако повеќе сакате повеќе и лежат кафеаните, кафулињата и лаунџ баровите отколку жичарницата и ски лифтовите!
Ама ако… Секој има право да одмора како сака, колку сака и со кого и сака и може… А, на Мелита очигледно и се може.
И да биде на планина на снегот и да ги проба бугарските специјалитети и да се опушти раскомотена во хотелската соба…
Со шампањско или чаша вино покрај каминот, Мелита ужива во сиот раскош на зимската идила, откривајќи се’ освен едно: Во чие друштво ужива, силиконската убавица?
Претпоставки безброј, вистинскиот одговор само еден… Со оној што ја фотографира!? А дали е тоа истата онаа личност од совозачкото седиште на Мели, знае само таа… и евентуално, рецепционерот на хотелот!