Пејачот Џастин Бибер на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали како изгледа неговата новогодишна елка, а многумина беа изненадени од истата.
Имено, Бибер елката ја декорираше со украси во облик на пица и помфрит.
На врвот има и ѕвезда, а има и сијалички во разни бои. Бидејќи познатите личности раскошно го украсуваат домот за новогодишните празници, Џастин изненади со накитената елка, а неговите следбеници ми порачаа дека изгледа сиромашно и без гламур.
Наводно Џастин на почетокот на следната година ќе издаде и нов албум бидејќи неколку пати објави фотографија на која пишува 2020.
„Неговиот лабум е готов. Помина многу време од неговиот албум и тој е возбуден“ вели извор близок на пејачот.