Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски, реши да „рипне во тавче“ и да ја побара раката на својата девојка Андреа Јосифова.
Жаре на социјалните мрежи преку љубовни стихови кои ги посвети на својата избраничка, откри дека таа е жената која го освои неговото срце и која ќе биде неговата животна сопатничка, а просидбата се случила како изненадување за нејзиниот роденден.
„ЈАС:Те видов и се заљубив, мајко на моето потомство,вонземска убавино,жено со небо во очите свои,ме опи,ме запоседна,знаев дека ТИ си ТАА,ВИСТИНСКАТА, испратена од БОГ за мене.Вечно ќе сме заедно,до последен здив.На овој посебен ден,твојот роденден,кога ти одамна прв пат гласот свој го крена,те прашувам,ДАЛИ САКАШ ДА МИ БИДЕШ ЖЕНА? ТАА:ДА!“– гласат внимателно избраните зборови на вљубениот актер.
Жарко и Андреа беа во врска околу две години, период во кој доста патуваа на разни дестинации низ Европа и ја јакнеа својата љубов.
Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци, а во 2018 година дипломираше на Филилошкиот факултет во Скопје.
Жарко пак, освен тоа што примарна професија му е актерството, имаше обид и како радио и ТВ водител на забавна емисија.
Веќе е јасно дека Жаре е опиен од сините очи и убавината на Андреа, а бидејќи избра кавадарчанка, ова со пиењето ќе мора да му стане почеста пракса кај саканата во Кавадарци.