Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша веќе пет години седат во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а пред камерите може да видиме разни нивни кавги и несогласувања.
Меѓутоа, Карлеуша неколку пати истакна дека Шерифовиќ и е добра пријателка и помогнала во тешки ситуации.
Марија сега проговори за пријателството со најголемата дива, па откри дали може да и биде пријателка.
„Тешко е да се биде пријател на Јелена Карлеуша, а исто така е тешко да се биде пријател на Марија Шерифовиќ. Ова е петта сезона како седиме во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и само еднаш бевме на кафе. И тоа не беше договорено, туку по снимањата отидовме да поразговараме и да пиеме кафе. Значи, само еднаш бевме на кафе“.
Марија исто така проговори колку е блиска со Карлеуша.
„Јелена може да ми се јави во 5часот наутро. Не само таа, туку сите кои седиме во жирито. Глупо е да се каже дека сме најдобри пријателки. Добро е, се слушаме, работиме заедно и имаме слични ставови во „Ѕвездите на Гранд“ вели Марија.
За потсетување, Шерифовиќ истакна дека следната сезона нема повеќе да биде дел од музичкото шоу.