Нашата репрезентација синоќа ја совлада Словенија со 2-1 на „Тодор Проески“ арената во Скопје и со тоа ги задржа шансите за второто место во групата Г, кое носи бараж за пласман на Европското првенство 2020.

Елиф Елмас, кој ги постигна двата гола синоќа за „црвено-жолтите“, покажа дека е следната ѕвезда на нашата репрезентација, а по мечот на социјалните мрежи упати кратка порака: Горд на мене и на мојата Македонија!