Манекенот Леон Дам, стана вистинска сензација на модната недела во Париз, кога поради неговото драматичното чекорење на високи потпетици и изразот на лицето го нарекоа „пијана жирафа“.
Манекенот носеше модел од новата колекција на модната куќа Мејсон Маргиела за пролет 2020 година, но засега неговата непозната состојба предизвика смеа кај присутните во публиката.
Младиот Германец порано има добиено признание за најдобар машки модел, а модните критичари предвидуваа дека со своето појавување ќе ја промени модната ревија на која навикнале досега.
Впечатливата појава на Леон предизвика реакција дури и кај модната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, кај која успеа да предизвика насмевка на лицето, иако е позната по својот „студен“ фацијален израз.
Погледнете како тоа изгледаше:
View this post on Instagram