Пејачот Дарко Лазиќ во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа во која едвај се спаси, а неговиот автомобил беше потполно уништен.
Од несреќата, Лазиќ полека оздравува и со текот на времето се чувствува многу подобро.Меѓутоа, оттогаш тој нема седнато зад воланот, па го вози или неговата или некој пријател.
Лазиќ беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“, а во „Пинк“ телевизија се појави со нов автомобил.
Иако многумина очекуваа дека ќе се појави со некој луксузен автомобил, Лазиќ се појави со автомобил „Голф 2“.
„Ова е единствениот „Голф 2“ во Србија. Јас не го возам бидејќи немам возачка дозвола. Цел живот сакав да имам ваков автомобил и го најдов вака среден, во одлична ситуација и не пропуштив шанса да го купам“ изјави Дарко во емисијата.