Живот и Стил

(ФОТО) Светот се збуни по овие фотографии: Двојка објави фотосесија од бизарен пораѓај!

(ФОТО) Светот се збуни по овие фотографии: Двојка објави фотосесија од бизарен пораѓај!

Девојката која обожува мачки и фотографката Луси Шулц постојано се грижела за мачињата и волонтирала во локалното прифатилиште за животни во поголемиот дел од својот живот. Таа никогаш немала сопствено маче откако била мало девојче.

До неодамна. Луси и нејзиниот партнер со кој е во врска три години, Стивен, станале финансиски стабилни, па одлучиле нивното семејство да се зголеми за еден член.

Отакако поминувале месеци во потрага по “вистинското”, тие се одлучиле за 5 месечното бело – портокалово плишано “топче”. Кога го донеле дома, тие биле пресреќни па организирале фотосесија! Но, тоа не е фотосесија со милениче каква што вие ја замислувате.

Парот навистина дадол се од себе за оваа фотосесија, така што фотографиите започнаа со традиционалните фотографии од пораѓај, па се до доење. Тие дури и напишале порака: “На 10.01.2018 година ние му посакавме добредојде на нашето бебе маче. Веќе јаде цврста храна, името ќе го објавиме наскоро, а ние сме заљубени”.

Погледнете како помина оваа фотосесија која што предизвика бурни коментари дека парот отишол предалеку и ги преминал границите на нормалното, додека некои сметаат дека ова било навистина креативен потег. Што мислите вие?

извор:точка.мк
To top