Овен
Подарете нешто и вашите блиски ќе бидат многу среќни и ќе знаат тоа да ви го возвратат. Здравјето е добро, но, за помали болки во грбот потребно ви е повеќе движење.
Бик
Финансиската состојба ќе ви се подобри и поради тоа ќе имате можност да ја купите онаа чанта која многу ви се допаѓа. Потребна ви е поголема физичка активност за подобро да се чувствувате во својата кожа.
Близнаци
Наместо да им се покорите на пороците, обидете се да се спасите од нив. Работните обврски завршете си ги на време, за да имате време поголемиот дел од денот да си го посветите на себе.
Рак
За денес препорачливо ви е малку да се одморите од прекумерното работење и да се впуштите во една релаксирачка масажа, бидејќи обврските можат да почекаат и до утре. Исто така, поминете некое време сами со партнерот.
Лав
Денес вашата тврдоглавост ќе дојде до израз и на сите околу вас ќе им се спротиставувате и потребна ви е мала од секојдневните обврски. Денес е вашиот ден за опуштање со партнерот или со неколку пријатели. Подгответе вкусна вечера и гледајте некој филм.
Девица
Потрудете се позитивната енергија која ќе ја поседувате денес да им ја префрлите и на луѓето околу вас. Доколку вечерва ви се приушти можност за забава, не размислувајте премногу, туку прифатете ја понудата.
Вага
Во последен период претеравте со вашите трошоци, па денес е крајно време да размислите на што ќе го потрошите вашиот ограничен буџет. Искористете ја оваа слободна вечер за мало опуштање со пријателите, која секако ќе во донесе добро расположение.
Скорпија
Вашата немарливост и неодговорност ќе излезе на виделина, а за тоа пријателите може да ви обратат неколку критики. Прифатете ги, бидејќи тие ви мислат само добро. Почестете ги со вашето присуство на журката која ја приредуваат.
Стрелец
Вашата емотивност и романтичност денес ќе биде на највисоко ниво, а тоа ќе го усреќи вашиот партнер. Но, сепак, вашето здравје ќе биде нарушено од страна на сезонските настинки. Пијте повеќе течности и јадете овошје и зеленчук.
Јарец
Добро би ви дошло денес по крајот на напорниот работен ден да се опуштите со читање на една добра книга. Личност од спротивниот пол со зелени очи цел ден ќе ви патува низ мислите, но не грижете се, и таа личност има чувства за вас.
Водолија
Со вашата работа и зафатеност ја плаќате цената на пријателството. Не дозволувајте да ги загубите вашите пријатели поради вашата работохоличност. Наместо да се жалите со изговорот дека сте уморни, по завршувањето на работните часови, одвојте време за попладневно кафе.
Риби
Доколку во брзо време не обрнете внимание на вашата работа и должноста која ве повикува, постои ризик од губење на моменталното работно место. Во врска со онаа одлука за која се двоумите, само послушајте го вашиот внатрешен глас и ќе знаете точно како треба да постапите.
извор:среќа.мк