Македонскиот диригент Виктор Митревски ќе ја диригира операта „Свадбатана Фигаро” од В. А. Моцарт, во австрискиот град Вајдхофен ан дер Ибс. Продукцијата е во рамките на „Опера наоколу“ (Oper rund um). Митревски води три изведби на Моцартовата опера – едната беше на 21 јули, а следуваа и двете претстави на 25 и 28 јули.
-Станува збор за уметнички ансамбл кој од година во година се повеќе се етаблира на австриската музичка сцена преку изведба на оперски дела на нестрандардни и невообичаени места надвор од конвенционалната театарски подиум. Основач и режисер на „Опера наоколу“ е Ана Бернрајтнер, а имам и таа привилегија да соработувам со еден од најталентираните диригенти од помладата генерација во Австрија, Рафаел Шлуселберг, со кого соработувам веќе неколку години – вели Митревски.
Ова е веќе трета соработка со „Опера неоколу“ по „Дон Џовани” (2017) и „Грабнување од Сарајот” (2018) со која што ја освоивме престижната Наградa за австриски музички театар (Österreichischer Musiktheaterpreis 2018). Дел од изведбите ги превзема и новоформираниот оркестар „Виена ансамбл“ кој веќе свири ширум Европа. По овој проект, Митревски ќе работи на детска опера во Виенскиот театар каде што диригира веќе трета година.