Шминкањето во стилот на 60-те е сè попопуларно помеѓу трендсетерките, а еве за што станува збор.
Можеби не сте родени во 60-те години на минатиот век, но ако нè прашувате, тие се еден од најдобрите периоди некогаш. Овие години ги „создадоа“ мини здолништата, луѓето се бореа за независност, Битлси беа на врвот на популарноста, а жените чувствуваа сè поголема слобода.
Затоа враќањето во овој период воопшто не нѝ смета, особено кога станува збор за начинот на шминкање кој доминира оваа сезона.
Оваа ретроспектива со причина всушност никогаш не ни исчезна од сцената, но сега повторно заживеа и е попопуларна од некогаш.
Дури и на многу ревии на модните куќи за наредните сезони го забележавме враќањето на ајланерот во стил каков што се носеше тогаш, како и фризурите со многу волумен кои секако оставаат посебен бјути печат.
Првата личност која нѝ паѓа напамет кога размислуваме за поп иконите кои стилски го почитуваат овој период е Аријана Гранде, која всушност преку својата шминка и фризура во гламурозните изданија е олицетворение на периодот од 50-те, 60-те и 70-те години на минатиот век.
извор: точка.мк